ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција дека струмичкиот локал Аватар, кој Пазарната инспекција го затвори на 21 јули годинава, два пати ја изигрува државата затоа што, како што велат од најголемата опозициска партија, клубот е близок до семејството Заеви. Аватар повторно е отворен и во објектот на големо се прават журки. На фејсбук се споделуваат видеа од забавите кои се организираат таму.

„Дискотеката „Аватар“ е над законите зошто е заштитена од мафијата на Заев.

Една иста компанија два пати ги изигрува законите и процедурите зошто јавна тајна е дека е блиска до семејството Заеви. Но, таквата разузданост се плаќа со здравјето на граѓаните.

Тоа е и доказ за неспособноста на министерот за смрт и зараза Венко Филипче кој не е способен да ги дефинира и спроведе протоколите за здравствена заштита.

Тежок дебакл за институциите е да се дозволи корона кластер и тоа на два пати една дискотека да ги изигрува правилата и законите во државата. Таквата слабост е показател дека со државата владее мафија , стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.