Најдобар портпарол во моментов на СДСМ е Артан Груби, сметаат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Ја разбираме паниката, но и стравот на СДСМ и ДУИ од окрупнувањето на опозицијата затоа што и СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени на овие избори. Но, кога господинот Груби зборува за некои минати времиња, вредно е да го спомнеме следното:

Ги паметиме со насмевка деновите кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување .

Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратениците кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Најдобар портпарол во моментов на СДСМ е Артан Груби.

Господинот Груби е познат по неговите чести трансформации при што веруваме дека за многу брзо време јавно ќе се кае за овие негови инсинуации.

Криминалната коалиција СДСМ – ДУИ ќе доживее тежок дебакл, велат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.