СВР Скопје

ПСОН БИТ ПАЗАР
Околу 16,50 часот А. Б. пријавил дека на ИМ во ОУ Даме Груев на ул.Серава имало членови на политичка партија кои агитирале и биле без акредитации. По преземени мерки на лице место не се потврдени наводите од пријавата.

ПСОН ГАЗИ БАБА
Околу 16,20 часот на ИМ бр.2540/1 во ОУ „Дане Крапчев “ пријавено е дека Б. Д. го сликал гласачкото ливче, а гласањето продолжило без прекин. Лицето било предупредено да не го става ливчето во гласачката кутија, но истиот не постапил како што му било кажано и истиот го ставил гласачкото ливче во кутијата. По преземени мерки дадени се насоки лицето да се повика на службен разговор за понатамошна постапка.

СВР Тетово
Во 17,40 часот известено е дека претставниците на мисијата на ОБСЕ доставиле пријава добиена од страна на анонимен претставник на политичка партија каде пријавува дека околу 12,15 часот испред избирачките места кои биле сместени во основното училиште во село Чегране на постарите лица кои биле носени заради гласање им бил утврден идентитетот. По добиеното известување од страна на службата ќе се извршат дополнителни проверки по однос пријавата.

СВР Куманово

ПС ОН Куманово
Во 16,00 часот телефонски било пријавено дека 2-3 лица постојано носат лица за гласање и се шетаат по ходниците.

Во 16,08 часот телефонски е пријавено дека симпатизери на политичка партија стоеле пред врата на избирачкото место и притоа гласачите кои доаѓале да гласаат тешко влегувале на гласачкото место а истото ги иритирало. Се превземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот

СВР Струмица

ПС ОН Струмица
Непознато лице телефонски пријавило дека Р.С., влегувал во куќите во село Сарај и делел пари.

Во ПО Ново Село, непознато лице телефонски пријавило дека во с.Ново Село, О.Ѓ. со патничко возило вршел агитирање низ населението и ги присилувал да излезат да гласаат.

II. ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА ПРЕТХОДНО ПРИЈАВЕНИ НАСТАНИ

СВР Скопје
ПСОН ШУТО ОРИЗАРИ
Во врска со претходно пријавен настан дека долж ул.Вашингтонска неколку лица попречувале и им наредувале на граѓаните да не излегуваат на гласање, по преземени мерки не биле пронајдени лица.

СВР Струмица
Во врска со претходно пријавен настан дека во Богданци биле расфрлени повеќе флаери од политичка партија, излезено е на лице место и утрдено е дека нема елементи на кривично дело.

СВР Битола
Во врска со пријавен настан дека родител на А. Ѓ. и истиот со списоци во раце проверувал кој излегол на гласање, извршени се проверки на терен, наведеното лице не е затекнато на местото.

Во врска со настан дека во школото Трифун Пановски во Битола, непознато лице со списоци проверувал нешто кај луѓето кои биле или одат да гласаат, извршени се проверки, а наводите не се потврдени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.