Катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Албанија зема најмалку 20 животи, над 600 лица се повредени, а илјадници без покрив над главата.

Македонија е една од првите земји кои испратија помош во средства и екипи. На терен во Драч беше и пратеникот Влатко Ѓорчев.

Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите.

Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините.

Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност.

На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.