Кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова попладнево оствари средби со жителите на Маџари, Хиподром и Гази Баба, каде порача дека на 5 мај ќе победи правдата и правото.
Според неа, за овие две и пол години власта не направила ниту една значајна реформа која ќе биде од значење за граѓаните, освен промената на уставното име на државата.
Власта секогаш го кршеше правото за свои цели и интереси, но на тоа треба да се стави крај, а нивниот крај ќе биде на петти мај. Но, истовремено петти мај ќе значи и почеток на право и правда која ја немаше овие две ипол години, додаде Силјановска Давкова. Ги повика граѓаните да излезат масовно да гласаат бидејќи, како што рече, иднината е во нивните раце, во нивниот глас, да одлучат во каква земја заслужуваат да живеат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.