ВМРО – ДПМНЕ е подготвена за договор со власта околу Законот за обвинителство, но бара владата да прифати дел од нивните барања. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за Алсат вели дека власта се обидува да го забрани ВМРО – ДПМНЕ со закон, нешто што за опозицијата е неприфатливо.

Утре сме спремни за избори, тоа е најмал проблем. Проблемот е што Заев станува веќе несериозен за коментирање и создавање било каква стратегија во однос на неговите изјави затоа што пречесто ги менува.

Тој рече дека ако нема датум во јуни ќе се оди на избори, еве нема датум а гледате дека веќе не зборува за избори.

Така што несериозно е да се коментира Заев, а ние сме спремни утре да има избори затоа што знаеме дека ќе победиме на изборите, вели Николоски.

Коментирајќи ја идејата за измените во Изборниот законик, Николоски вели дека за нив е прифатливо а има 120 изборни единици по модел на САД и Велика Британија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.