Со измените на Законот за здравствена заштита сакаат на приватен оператор близок до семејството Заеви кои ангажираа дел од своите вработени да се претставуваат како наводно како незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ пред нешто повеќе од една година и да протестираат против актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е една омилена куќа за обезбедување на власта присутна и во електроенергетските компании, присутна во сите јавни објекти и тоа им беше малку и сакаат дополнително да влезат и во здравствениот сектор, односно да обезбедат да дадат приватна услуга за брзата помош, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Градско, а говорејќи за актуелната тема измени на Законот за здравствена заштита со кои власта сака да приватизира неколку области во здравството, меѓу кои и Итната медицинска помош.
Според него со ова само продолжува заевизмот.
„Продолжува криминалот, корупцијата. Оваа влада на заминување премиерот на заминување, министрите на заминување не престануваат со скандалите и добро што е повлечен Законот“, кажа Мицкоски.
Тој информираше дека понатаму ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи носење на ваков закон, бидејќи вакви измени се штетни за граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.