По откажувањето на закажаното интервју со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, денес вестите на Телма без ниту еден прилог за прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ. Практиката кога уредништвото на телевизија со национална концесија одбива да го слушне и да го пренесе гласот на опозицијата е одлика на тоталитарните режими. Телевизијата направи цензура како во најлошите времиња тоталитарните системи. Цензурата не е ниту европска ниту демократска вредност, но власта која ги контролира медиумите во Македонија се користи со таа алатка.
Цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими. Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма. Бев известен дека уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија. Гостувањето откажано. Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата. Три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат, објави вчера Мицкоски.
Јасно е дека црвениот телефон на Телма ѕвони под директива на премиерот Зоран Заев.
Колку вреди слобадата на медиумот Телма? Зошто под директива на Заев се цензурира опозицијата?
Суштината и позадината на оваа цензура е многу едноставна, а и јасна. Телма има и олигархиски интерес и политички интерес. Во целата позадина на оваа цензура се работи за договорот на компанијата Макепетрол со Гама од 32 милиони евра со која Заев ја купува поддршката од медиумот.
Договорот беше постигнат крајот на 2019 година по речиси двесет години. Со истиот „Макпетрол“ на Владата го продаде својот удел во гасоводот, со што тој целосно премина во државна сопственост. Договорот меѓу Владата на Заев и нафтената компанија „Макпетрол“, сопственик на националната провладина телевизија „Телма“, чини 32 милиони евра.
Шемата на корупција е очигледна бидејќи во истиот договор Владата се согласува дека инвестицијата на Макпетрол е 18 милиони евра, но не дава објаснување зошто плаќаат 32 милиони. Оваа информација иако објавувана остана заташкана.
„Макпетол“ и ГА-МА од 2005 година водеа судски спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот. Спорот во суштина се водеше за правото на мнозинска сопственост врз акциите во гасоводот за што двете страни тврдеа дека се сопственици на мнозински пакет односно 51 отсто од акциите на компанијата. Откако пробемот со години се влечеше низ судските лавиринти, без разрешница се побара и медијација од Центарот за решавање на спрови на Енергетската заедница за конечно регулирање на сопственичките односи, што е согласно Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.