Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во својата најнова колумна објавена на порталот „Плусинфо“ открива зошто и како му била прекината соработката од весникот „Слободен Печат“ каде што тој беше колумнист.

Претходно, своја оставка од весникот си даде и уредникот Бранко Героски, кој напомена дека со „сопствениците и менаџерите на „Слободен печат“ различно гледаме на прашањето на уредувачката политика, на потребата на кој начин еден слободарски весник треба да негува критички однос кон властите во насока на засилени заложби за добро и одговорно владеење“.

Во продолжение пренесуваме дел од колумната на Арсовски:

Деновиве е акутелна една тема која можеби е странична покрај сите социо-економски и државно-интересни маки на граѓаните кои им ги нанесе оваа влада на Заев и СДСМ, но сепак е многу важна за да се спречат овие првите две кои се најважни за граѓаните. Слободата на говорот.

Цели четири броја од весникот „Слободен печат“ имав можност моите ставови и размислувања да им ги претставам на граѓаните преку пишан збор, за веднаш уште после првата објавена колумна во весникот, да почнат и притисоците и маките од СДСМ кон доскорешното уредништво. Епилогот го знаете, заради непремостливи разлики помеѓу сопствениците на „Слободен печат” (читај блиски луѓе на Заев и на СДСМ) и уредникот Героски, беше поднесена оставка од уредникот за да не мора да се трпат притисоците и глупостите од овие првите. Веднаш потоа следеше и-маил адресиран до мене, каде што ми се прекинува соработката, бидејќи не се знаело дали јас пренесувам лични ставови или на партијата и не било во ред портпарол на партија да пишува колумни во весник. Не било добро за весникот. Нормално, по директна наредба на Заев и на СДСМ.

Ова доволно говори за ситуацијата со слободата на медиумите и слободата на говорот во Република Македонија. Штом се подготвени на ваков чекор на задушување, нека бидат подготвени и да ја водат војната преку која ќе бидат разобличени и СДСМ и целата влада, а верувајте веќе ја губат и сигурно ќе ја изгубат. Пред да преминам, сакам само да им порачам дека им се ближи крајот. Што повеќе замолчувате, толку повеќе народот не ви се плаши и наоѓа алтернативни решенија да ви ја скрои капата за криминалот што го правите. Затоа ви велам, загубена е таа војна, прашање е кога ќе се предадете.

Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.