Власта повторно се обидува на сила да го помине договорот, со кој на „Макпетрол“ ќе му се дадат 33 милиони евра народни пари. По вчерашниот обид доцна вечерта во Собрание да се протурка договорот, кој беше спречен од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарниот спикер Талат Џафери денеска најави дека че се работи до исцрпување на сите говорници без прекин.
Ако се пресмета бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата и се помножи по бројот на минути, плус неопходните паузи поради ковид-протоколите, доаѓа дека без прекин треба да се работи преку 25 часа. Седницата денеска започна во 14:30 часот, што значи дека треба да се работи цела ноќ и цел утрешен ден без прекин.
Толку ли им гори под нозе и толкав ли е криминалот на Заев што сака да помине 33 милиони евра во сабота наутро, а да се работи денеска, на католички Божик?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.