Власта и опозицијата најдоа заеднички јазик во однос на блокираната 36-тата седница. По одржаната координација на собранискиот спикер Талат Џафери со парламентарните партии, започна седницата на која се поставени законите од петтиот пакет мерки.

По утврдувањето на дневниот ред, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара на дневниот ред да останат само четири точки кои се однесуваат на мерките за справување со последиците од пандемијата. Со 87 гласа за, без воздржани и против беше усвоен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, односно дневниот само со законите од пакетот антикризни мерки.

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ ова го искоментира со зборовите „Ако се сака се се може „

ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за законите кои се поврзани со ковид мерките и помошта за стопанството.
Сега е се јасно дека власта нема кворум, а ВМРО-ДПМНЕ Е СЕКОГАШ на страната на народот, напиша на Фејсбук, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.