Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски се сретнаа со Шефот на мисијта на ОБСЕ во Република Македонија, Клеменс Која.
На средбата информирав за состојбата во која се наоѓа државата, особено загрижувачките економски показатели како преминување на прагот на задолжување над 60% кое е прекршување на мастришките критериуми, за историскиот пад на БДП во земјава кој достигна 12,7% во вториот квартал од годинава, како и зголемувањето на сиромаштијата и намалување на животниот стандард на граѓаните, соопшти Мицкоски.
Од партијата соопштуваат дека се разговарало за тековните проблеми на земјава со корупцијата и криминалот, проблеми кои власта во своите политики не ветува дека ќе ги промени, а за кои забелешките од Извештајот на ЕК не изостануваа, затоа што земјава е се подолу на листите за борба против корупцијата.
Посочив дека власта неумешно се справува со криминалот во земјава, затоа што е потикнувач на истиот, а со слабиот правосуден систем и корупцијата во истиот, криминалните однесувања на одредени функционери не се казнуваат. Го информирав Која за состојбата во македонското Собрание, каде власта во обид да ја руши демократијата, противуставно бара да се легитимира гласањето на пратеници кои не се присутни во Собранието, како и неприфаќањето на амандманите на опозицијата кои се пред сѐ барања на граѓаните во тековните дискусии во Собранието, вели Мицкоски.
Заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Aleksandar Nikoloski, остваривме средба со Шефот на мисијта на ОБСЕ во…
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 19 October 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.