Власта нема доволен број поткупени и уценети пратеници за гласањето за Законот за јавно обвинителство. Тоа е причината поради која во салата немаше доволен број пратеници за гласање. Расправата за законот за јавното обвинителство заврши. Претседателот на Собранието Талат Џафери откако се исцрпи листата на говорници за законот ја затвори расправата. Но бидејќи во салата немаше доволно пратеници, тој даде еден час пауза за да се соберат пратениците.
– Почитувани колеги фејсбук мејкери ме ставивте како топовско месо вчера бидејќи ја почнав седницата во 22 часот. Сега заврши дискусијата во 21 часот. Кај сте сега? Објавувам пауза за мнозинството да ми каже кога да продолжиме – рече Џафери.
Во моментов има координација на партиите кои се дел од владејачката коалиција. ВМРО-ДПМНЕ не е дел од консултациите. Се остава ли простор за нови притисоци брз пратеници за повторно да се истурка на сила потребната бројка на гласови за да се донесе закон за ЈО скроен за потребите на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.