Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце се осврна на четиригодипното владеење на СДСМ, во кое не реализирал над 90 проценти од ветеното на изборите во 2016 година.
СДСМ не спроведе најмалку 90 проценти од она што го вети. И ние можеме сега да реминисценцирме како дојдоа до ова до што дојдоа, да се навраќаме на ниските страсти од минатото, на Шарената револуција кога се бојадисуваа згради, односно кога се бојадисуваше државен имот, кога се кодошеше државата, кога Зоран Заев на отворена сцена се срамеше од сопствената нација од сопствениот народ. Се сеќавате на оние негови трибини во Швајцарија, кога ветуваше се и сешто, буквално се, вели Мицкоски.
Мицкоски додаде дека Заев и неговата коалиција ги изгубиле изборите, односно имале двајца пратеници помалку од победничката коалиција.
Да ве потсетам, тој ги загуби изборите во 2016 година. Зазгуби за 20.000 гласа, односно имаше 2 пратеника помалку. Но, ајде тоа да го оставиме во минатото и да видиме каква е реалноста, денешницата и ајде да се фокусираме на иднината. Три години потоа, влегуваме влегуваме во четвртата, и што добивме? Во која област напредувавме, во која сфера отидовме понапред, праша Мицкоски.
Оттогаш, рече тој, поддршката за Заев е преполовена. Огромно мнозинство од Шарената револуција, луѓе кои му дадоа поддршка на Зоран Заев, е речиси преполовено.
Ќе ве потсетам на бројките. 435 илјади имаше на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а коалицијата проширена и надградена на локалните избори во октомври следната година освои околу 410 илјади гласови, за веќе во 2019 година во април на претседателските избори, сите заедно, заедно со ДУИ не успеаја да освојат 320 илјади гласови, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека најголемата коалиција во политиката е коалицијата со народот, а токму ВМРО-ДПМНЕ е дел од оваа коалиција.
Ако ја направите најголемата коалиција, а тоа е коалицијата со народот, не постојат сфери на влијание, извори на влијание кои можат да ја победат таа коалиција. Тоа е најсилната коалиција што постои. Токму тоа е целта на ВМРО-ДПМНЕ и токму таа е онаа предвидлива политика на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е како да направиме да биде што поуспешна коалицијата со народот. Јас мислам дека тоа успеваме да го направиме, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.