Нема никаков одоговор од власта откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николовски јавно обелоденија дека се следени. Нејасно е зошто власта молчи и одбегнува одговор на вака важни тврдења дека се следени највисоките претставници на опозицијата и тоа подолго време.
Николовски пред вицпремиерката Шекеринска јавно рече дека тајните служби го следат и прислушуваат врвот на ВМРО-ДПМНЕ.
За тоа што не следат тајните служби ќе има одговорност. На овие парапортали ние гледаме дека сме следени од службите на Република Македонија. Врвот на ВМРО-ДПМНЕ и нашите семејства во моментов се под физичка опсервација и телефонски следени. Алармирам во јавноста. Каде да алармирам? Како СДСМ секогаш чекор пред нас знае што ќе направиме, а тоа се од телефонски разговори меѓу функционери на ВМРО-ДПМНЕ – објасни Николовски.
Мицкоски пак во интервју за „Фокус“ побара одговор чија парапартиска структура организирано го следи.
Очигледно власта е исплашена, па мора да организира следење на лидерот на опозицијата. Но, во исто време не е проблем да продолжат со крадењето на државниот буџет и да не прават ништо во однос на економската криза – објасни Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.