Неколку десетици Македонци кои што биле на печалба останаа заглавени на аеродромот во Кабул, Талибанците наводно испратија соопштение дека утре тргнуваат во офанзива за преземање на аеродромот, од македонското МНР информираа дека нашите граѓани се на безбедно и ќе бидат евакуирани.

-Околу 50тина Македонци заглавени се на аеродромот во Кабул во Авганистан. Како што велат блиски роднини на заглавените на аеродромо, истите никој не ги евакуира, а во меѓувреме Талибанците го опколија целиот аеродром наводно испратија соопштение дека се што нема да биде до утре вечер се што е евакуирани е евакурирано и наводно истите ќе тргнат во офанзива кон преземање на аеродромот, велат загрижени роднини на заглавените Македонци во Авганистан.

Од аеродромот во Кабул 25 наши државјани треба да заминат со американски воен авион, а се очекува евакуација на уште 50 наши граѓани од Авганистан каде што во изминативе 72 часа безбедносната состојба нагло се влоши, информираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Од околу 50 граѓани кои утрово беа на аеродрмот во Кабул, половина или 25 се наоѓаат веќе на воениот терминал и се регистрирани за следниот лет со воен авион на американската армија и ќе бидат упатени за Доха, Катар, од каде нивниот пат за враќање дома е неспорен. Останатите околу 25 наши граѓани се упатени на следниот лет и во моментов работиме за нивна регистрација и потоа евакуација директно од аеродромот во Кабул. Располагаме со информација за уште 25 граѓани кои се наоѓаат во американската база во Кабул, која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот. Тие се безбедни и во моментов се на листа на чекање за да бидат трансферирани кон аеродромот и потоа евакуирани. Во моментов не располагаме со информација за други наши граѓани во Авганистан и досега немаме ниту еден пријавен државјанин кој се наоѓа во загрозена состојба. Секако продолжуваме и натаму внимателно да ја следиме состојбата во Авганистан, рече Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.