Работната група на министерката за правда Рената Дескоска Треневска од името на власта и адовкатот Тони Менкиноски за опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги разгледува деталите од последниот предлог на минситерството – предметите на СЈО отворени по истекот на мандатот да ги преземе јавното обвинителство, објави Сител.
Средбата ја најави премиерот Зоран Заев. Доколку работните групи не постигнат напредок, Заев веќе најави дека во разговорите ќе се вклучат и лидерите.
Непосредно пред изборите на 5 мај, министерството за правда достави предлог предметите што СЈО ги отвори по 30 јуни 2017 година да бидат преземени од редовното обвинителство преку комисија што ќе ја предводи државниот јавен обвинител.
Одговор од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема. Неофицијално, за нив постојат неколку дилеми за предлогот: како точно ќе се направи преземањето, дали постои одговорност кај СЈО што презело предмети по истек на мандат и дали има оштетени во таквите постапки. Опозцискиот тим вели дека има дилеми и за снимките кои повеќе не треба да се користат како докази.
Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на тоа дека СЈО треба да продолжи со работа единствено како одделение во обвинителството за организиран криминал и корупција, наспроти идејата на власта тоа да продлжи со самостојна работа во рамките на републичкото јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.