И покрај ужасната трагедија, власта и денес безмилосно продолжува со „нарко бизнис планот”!, реагира пратеникот Миле Лефков додавајќи дека за денеска во 12 ч. во Собранието е закажана Комисија за европски прашања на која ќе се расправа за „марихуаната на Заев“.
Тоа е односот на оваа власт кон народот, реагира Лефков.
Реагира и неговата колешка од Тетово, пратеничката Дафина Стојаноска.
После синоќешната трагедија во Тетово, денес на веб-страната на Собранието сè уште стојат закажаните денешни планирани активности.
Наместо сè да се откаже и одложи, додека не се расчисти одговорноста на оваа неодговорна власт, денес треба да расправаме за марихуаната на Заев и за законите на Мила.
Наместо странска и независна експертиза, случајот ќе го разгледуваат домашните зависни обвинители.
Наместо итна владина седница сношти, таа е закажана за денес во 10 часот.
Наместо итни и неотповикливи оставки, Владата на Заев ја преспа најтрагичната ноќ за Македонија.
Разбудете се! Реалноста е ваша одговорност. Не е лош сон, за жал, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.