Од денешното сведочење на двата крунски сведока на Обвинителството во случајот Талир 1, Силјан Мицевски и Владимир Чинговски, јасно е дека ниту еден од нив не ги потврди тврдењата на Обвинителството со кои ги товари обвинетите. Ниту еден од нив не потврди незаконско финасирање на партијата во периодот на кој се однесува обвинението, односно од 2009 до 2015 година.
Дел од медиумите ги објавија нивните изјави извадени од контекст или целосно неточни и некажани во судот, но не објавија речиси ништо од прашањата на адвокатите и одговорите со кои се поништуваат тези на обвинението.
Силјан Мицевски изјави дека неговата приватна фирма постои од 1968 година и дека низ годините на еден или на друг начин им помагал на сите партии и дека тоа го прави и денес. На прашање дали некој му вршел притисок да даде финасиски средства, кажа дека никој не му извршил притисок и секогаш кога помагал тоа го правел доброволно. Кажа дека исто работел секогаш и со сите партии. Во својот исказ не посочи дека незаконски ја финасирал ВМРО-ДПМНЕ во периодот на обвинението. Дури и за финансирањето на кошаркарскиот клуб МЗТ, одговори дека иако имал сугестија, не била притисок врз него и самиот доброволно отценил дека треба да го поддржи клубот, а посочи и дека и во минатото и денес кога други партии се на власт поддржувал спортски клубови.
Во делот за наводно дадени финасиски средства на Никола Груевски, различно од тоа што пренесоа медиумите дека ги дал за да добие тендери, Силјан Мицевски кажа дека оставил 10 илјади евра не на него, туку кај Никола Груевски, не прецизирајќи кому и тоа било во време пред партијата ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, односно кога беше во опозиција после 2002 година. Ова освен што е нејасно кому дал доколку дал финасиски средства, не е ни предмет на обвинението Талир 1.
Никола Груевски во Фејсбук статус демантира дека како премиер контактирал со Силјан Мицевски.
Во врска со натписите и објавите на неколку медиуми во Македонија кои се однесуваат на денешното сведочење на бизнисменот, поранешен градоначалник на Битола и поранешен висок функционер на СДСМ-Силјан Мицевски во предметот под работен наслов Талир 1, укажувам за злонамерите на дел од медиумите и истите ги демантирам во целост како невестини. При денешниот исказ на двата сведока, обајцата не ги потврдиле наводите во обвинението против обвинетите па оттука веројатно и потребата на некои партиски определени медиуми да престават поинаква слика на нивното сведочење пред јавноста, особено за Силјан Мицевски.
Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил било што од него.
Интересно е што неколку медиуми кои ја третираа темата очигледно незадоволни од сведочењето на овој бизнисмен кој по доаѓањето на власт на СДСМ дал 750 илјади на Меѓународниот сојуз, случај кој е сега на суд и за кој е обвинета поранешнатаа потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски, одлучија најпрвин селективно да информираат за исказите на сведоците а потоа и да си додадат изјави. Најдалеку отиде провладин портал кој додаде дека Силјан Мицевски рекол дека му дал 10 илјади евра на Груевски за да добивал тендери, нешто што бизнисменот не го кажа и во целост е измислен дел како и повеќе други делови во нивниот натпис.
Ниту вториот сведок, Владимир Чинговски, поранешен директор на ЕЛЕМ, не потврди било какво земање или давање пари за партијата, незаконско финасирање или било што што би ги поддржало наводите во обвинението. Кажа дека пренесувал некакви документи до генералниот секретар, дека никогаш не дозволил некој незаконски да добие тендер, а пак Силјан Мицевски го пофали Чинговски дека во негово време на сите фирми коректно и на време им се плаќало и никогаш не му барале пари. Силјан Мицевски на прашање на адвокатите потврди дека подизведувачите доброволно и без присила ги прифаќал и дека сите биле компетентни фирми и дека не бил условен да ги прифаќа, а изборот го вршел откако го добивал тендерот и откако веќе го имал склучено договорот за работата, што значи и дека не можел веќе да биде условен.
Очигледно е дека власта во одсуство на аргументи по овој, како и по другите предмети од поранешното СЈО, не можејќи да ги докаже обвинувањата, дури не можејќи ни со своите предложени сведоци, голем дел од нив под сериозен притисок од власта, да ги натера да ги поддржат наводите во обвинението оди на тоа да создаде искривена медиумска слика за јавноста да се стекне со погрешен впечаток и подоцна судиите да се под притисок на јавноста да осудат некого за кој немаат ниту елементарен доказ дека сторил нешто незаконско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.