Во однос на новинарското прашање за декриминализација и депенализација на канабисот, портпаролот Арсовски истакна дека Владата е подготвена суштински да пристапи кон оваа тема преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци.

„Потребно е да има широка и стручна дебата каде ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија, медицинската фела. Треба да се видат ефектите од користењето, понатаму системот за контролирање, како тоа ќе се контролира и изведе. Ова е процес во кој неопходен е ставот на сите. Предложено од Владата е донесување на измени и дополнувања на Законот за опојни дроги ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели кои ќе поттикнат нови инвестиции, развој и нови работни места“, истакна портпаролот Арсовски.

Тој наведе дека во овој момент, одгледувањето на канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување на канабис издадено од Министерството за здравство, по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.