Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски дента кога ја презентираше методологијата за пописот, рече дека етничката и верската припадност се лични, и доколку лицето не е присутно при пописот, овие податоци не може да ги декларира некој негов роднина.

Меѓутоа, на ваквиот став на директорот се спротивстави заменик директорот Иљми Селами, кој вели дека тврдењата на Симовски ги нема ниту во законот ниту во методологијата.

Што сакал да каже директорот не знам. Најдобро знае тој и сигурно дека ќе го прашате него, само знам дека тоа што го кажал е грешка. Грешка од две причини. Такво нешто не е предвидено ни со закон ниту со методологијата. Законската одредба е општа и вели дека ќе даде податоци кои се однесуваат на лицето надвор, ги вклучува сите податоци, од матичен број и се друго што се однесува на пописот, рече Иљми Селами за ТВ21.

Доколку процесот излезе така како што рече директорот Симовски, албанската опозиција најави иницијатива за спречување, додека пак македонската опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ со денови укажува на тоа дека ваквиот попис е политичка а не статистичка операција, и инсистира на одложување на истиот за пролетта наредната година.

Па така, се добива впечаток дека ваквите спротивставени изјави на двете најважни личности кои се очекува да го водат процесот на попис, дека властите не се способни или поблаго речено не се подготвени да го испорачаат пописот. А исто така и се потврдуваат тезите на опозицијата дека неопходно е да се одложи пописот за наредна година, бидејќи уште не започнат пописот во власта има несогласувања за неговото одржување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.