Она што се случуваше во изминатите деновиве е комуникација со пораки на луѓето, високи функционери од раководството и блиски до раководството. Но, јас апелирам од Охрид да не си играат со европската иднина, тоа нема да се толерира од никого, таков тип на насилство, уште помалку злоупотреби или она што се случуваше на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој укажа дека направиле анализа на изборачки места каде имало излезност од 90 проценти на референдумот, а сега била под 20 -тина проценти на првиот круг на претседателските избори.

-И сега е прашање дали тогаш ја препознале европската иднина или сега во меѓувреме се разочараа од политиките на Заев и СДСМ и не го поддржа Пендаровски, но шегата на страна. Ние сме чувари на демократијата, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.