Генералниот секретар и носител на листата на пратеници во изброната единица три на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата „Топ Тема“ истакна дека сетот на мерките кои што ги усвои Владата впрочем беа оние мерки кои што само ден претходно ги предложи опозицијата.
Според него факт е дека министерот Филипче и целата Влада го изневери македонскот народ при справувањето со пандемијата на коронавирусот во однос на задоцнетото делување за превенција на ширењето на заразата, но посочи дека за ова и за се што претходело ќе има одговорност.
Сетот на мерки кои што се усвои од страна на Владата пред неколку дена беше всушност сетот на мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предложи ден претходно. Факт е дека целосно погрешија, целосно го изневерија македонскиот народ во однос на делувањето, доцнењето, но како партија бидејќи здравјето и животот на граѓаните ние пред се и над се во овој период ќе се возджиме од било какви коментари, но и како за се друго оние кои што погрешија и делуваа како не треба ќе одговараат. Би се навратил на две работи само кои што беа кажани од страна на господинот Николоски, веројатно нивното системско делувања на програма, понуди и кандидати јас би се надевал дека само така ќе продолжат, бидејќи не видовме никаква понуда, а кандидатите кои што ги видовме станува збор за тотално истрошени кадри, вели Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.