Талат Џафери кој претседаваше и со претходниот состав на Собранието, попладнево повторно беше избран за претседател на Собранието. За неговиот избор гласаа 62 пратеници, а „против“ гласаа 43 пратеници. Изборот на Џафери беше дочекан со аплауз од власта, а опозицијата ја напушти седницата.

Гласањето за него избор го водеше Горан Мисовски, по што Џафери даде свечена изјава.

Тој им се заблагодари и на тие што гласале за неговиот избор, но и тие кои биле против неговит избор и рече дека ќе биде претседател на сите пратеници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.