Не случајно пред скоро пет децении поетот Ацо Шопов напиша: Македонија е судбината на светот, светот е судбината на Македонија. Ако денес живееме во најглупавиот свет, во Македонија пак живее најглупата македонска генерација во последните три милениуми. Нашиот ментален идиотизам и зомбираност се безгранични: На сите нивоа, во сите институции. Како во останатиот свет, така и кај нас, исклучоците на нормално мислење се сосема малку, пишува историчарот и политички аналитичар, Стефан Влахов Мицов, пренесува „Во центар“.
Денес сите од првиот до последниот на поранешната македонска територија (одамна не сме македонска држава, а веќе не сме и македонска територија), дејствуваме не како народ, туку како збирштина со кратка меморија, живееме со прилагодување ден да помине. Тоа е филозофија не на борци и победници, туку на пирејот: Да опстанеме. Е, зошто да опстанеме како пиреј? За да не користат сите, да не истребуваат и да се потсмеват со нас? Да го е*ам таквиот живот и таквото опстојување!
Според Мицов, нашата меморија трае не илјадалетија, не столетија, не децении, туку само еден изборен циклус. Веќе и уште помалку. Ја заборавивме историјата, традициите, се трансформиравме во питачи на Европа: за секакви донации, вакцини и слично.
Зошто во времето на Југославија ниту Бугарија, ниту Грција го оспоруваа македонскиот идентитет и јазик и потпишуваа договори на македонски јазик без уставни додавки, прашува тој и одговара:
Политички кретени, затоа што бевме во три различни блока: Бугарија во Варшавскиот пакт и Советот за економнска помош, Грција во НАТО и во ЕУ, Југославија ( и Македонија ) во Движењето на неврзаните.
Заклучокот е дека не смееме да бидеме во ист блок или сојуз со нашите непријатели, кои ќе бидат македонски непријатели додека ги снема. Што тогаш бареме во НАТО и што сакаме во ЕУ, говеда несмасни, вели Мицов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.