Господ ги закопа нашите напори да се самоуништиме, пишува во својата последна колумна историчарот и аналитичар, Стефан Влахов Мицов.

Не еднаш сум кажал дека Господ е во тешка борба со нас, Македонците. Ние правиме напори да се самоуништиме, додека тој на секаков начин се обидува да нè спаси како омилен библиски народ, вели тој.

Мицов во својата колумна прашува: Да не мислите дека беа случајни невидените по број земјотреси во Охрид во јуни-јули 2017 година? Тогаш земјата се тресеше, избезумениот народ бегаше да спие надвор од домовите, ама договорот со Бугарија беше потпишан на 1 август.

Да не беше случаен земјотресот во средата, на 11 ноември годинава, до вештачкото Мавровско Eзеро? Точно во периодот кога Бугарија чекаше Македонија да капитулира (до петокот). Господ секогаш ни испраќа предупредувања, ама ние недоветни се правиме дека такви нема, пишува Мицов.

Зошто бре идиоти, вели Мицов, земјотресот се случи точно до Мавровското Eзеро? За да предупреди дека ВЕШТАЧКАТА бугарска нација ни уценува и ни ги наметнува нејзините фрустрации и комплекси врз нашиот придоден идентитет и јазик.

Речиси секој Македонец се моли и верува дека „Господ ќе не спаси“, а истовремено
работи против Господ и неговите повелби, пишува Мицов и додава:

Зошто ни се НАТО И Европската Унија, та во последните три децении трчаме како улави кон нив?

Мицов во својата колумна прашува: Од кого ќе не брани НАТО? Од Русија која ја признава македонската историја од антиката до денес, го признава македонскиот идентитет и потцртува дека словенската писменост потекнува од македонска земја.

Уште во 1991 г. познатиот Наом Чомски изјави дека ЕУ има за цел да востанови полуколонијалната врска на западноевропските со источноевропските и балканските држави од пред Втората светска војна. Во изминатите 30 години се потврди дека ЕУ се интересира за Балканот само во улога на нејзина колонија. Од таму ги зема сите потребни суровини, а му ги извезува сите неквалитетни производи. Одамна во Словенија и Хрватска сфатија дека исти западноевропски брендови имаат сосема различен квалитет кога се купуваат во Западна Европа и на Балканот. За нас е само ѓубрето, кое притоа мора да го примаме со благодарност. Со нас се држат господарски во секој однос – ни ставаат квоти, ни диктираат што да правиме и што да не правиме. Исто како со колонија, пишува Мицов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.