Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ вечерва, по вестите во 18:15 часот ќе гостува на телевзијата „Алфа“, во емисијата „Што не е јасно“.

Мисајловски ќе говори дали Зоран Заев преку дворски игри сака да го минимизира сопствениот дебакл? Бегаат ли „ко ѓавол од темјан“ Заевци од предвремени парламентарни избори?

За шлеперот и жабата, огромната народна победа и будењето на Македонија, кое СДСM сака да го минимизира, спречи и успори со бедни манипулации, во „Што не е јасно“ ќе зборувам со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој изјави дека ова е силна победа на народот и и’ се заблагодари на Македонија, најавува водителот на „Што не е јасно“, Љупчо Цветановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.