Актерот Владо Јовановски на својот фејсбук профил напиша:
СЈО, најпосле е решено.
Владата на ” Нашата земја”, донесе вистинска мерка пред Велигден, Да им се исплатат заостанатите скромни плати, на обвинителите.
Вистинска мерка, во вистинско време.
Короната може да им плукне под прозор и на владата и на СЈО обвинителите, после ваква одредба.
Крамер против Крамер е минато…
( ВиРус против ВиРус е новата сторија ). И што? Здравствени работници, доктори, професори, високо стручни лица, Вие кои животот го посветите на науката и хуманоста, ќе гукнете нешто или ќе продолжете да се ж’ртвувате без маски, во тихание?Доктори, лекари, медицински сестри, болничари, Вие кои се заколнавте на Хипократ, Вие кои сте во првите борбени редови во ова време – невреме, што ќе кажете?
Кој има нешто против оваа одредба, п’рв нека ја земе маската од лицето, што ја нема и нека удри по грешницата.
Сега Катица Јанева, и други ВиРуси, нека Ви најдат маски.
А од Роналдо ќе очекуваме да ја најде вакцината…
Да сте живи и здрави сите!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.