Петрир Сарачини, поранешниот активист на Шарена револуција, сега пи-ар советник во Владата во заминување, на Твитер ги навреди неговите политички неистомисленици.

Сарачини кој работи како координатор на Одделението за медија мониторинг при Владата, во дискусија на Твитер, каде е потпишан под псевдонимот Амон Мра ги посочи „вредностите на луѓето во Македонија“ како главна причина за евентуалната победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 12 април.

Да ми простиш, ВМРО во 2016-та доби повеќе гласови од СДСМ, и покрај методите. А и сега добро се држи, и покрај методите и криминалот. Ако некој го врати ВМРО, нема тоа да биде СДСМ, туку вредностите на луѓето во Македонија, кои и покрај децениски криминал пак гласат за мвро“, стои во коментар на Сарачини објавен на Твитер.

Дали пи-ар советникот во владата во заминување со ова сака да каже дека македонските граѓани кои не мислат како него се со ниски вредности?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.