Владина делегација составена од министерот за правда, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Ирена Стефоска и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска положи цвеќе и се поклони пред споменикот на Св. Климент Охридски кај Националната и универзитетска библиотека која го носи неговото име по повод 8 Декември, државниот празник во негова чест.
Како основоположник на македонската духовност и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Св. Климент Охридски, спаѓа во редот на македонските великодостојници кој ја продолжи мисијата на светите браќа Кирил и Методиј за продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност меѓу словенските народи, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Свети Климент е основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“ и се втемели во почетоците на македонска писменост и јазик и во негова чест денес се именувани универзитети, факултети, училишта.
По повод празникот „Св. Климент Охридски“ и делегација на СДСМ во состав од потпретседателот на СДММ Александар Саша Димитријевиќ, пратеничката на СДСМ Даниела Марковска и претседателката на Форум на Жени на СДСМ Снежана Калеска – Ванчева оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред зградата на НУБ во Скопје.
Во Собранието на Република Македонија денеска им беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година на годинашните добитници во областа на воспитанието и образованието на универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, во областа на културата и
уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар – костимограф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.