Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, положи свежо цвеќе пред споменикот на светите браќа, патрони на првиот државен универзитет во Скопје.

Владината делегација ја сочинуваа министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска и Ирена Стефоска, министерка за култура.

Со полагањето цвеќе во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, се одбележува просветителската мисија и извонредната улога, која браќата Кирил и Методиј ја имаат во историјата и културата на Европа, светот и Македонија, а изразена преку нивната мисија меѓу словенските народи во деветтиот век.

Низ тој процес била создадена и првата азбука – глаголицата, од која подоцна ќе се создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.