Лицето Сенад Рамовиќ кое работи во Владата на Република Македонија јавно му упатил сериозни закани на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Во коментар на пренесена информација од прес-конференцијата на Стоилковски Рамовиќ напишал заканувачка порака која е противзаконска од повеќе причини. Јавна закана за сексуален напад, говор на омраза на етничка основа затоа што Стоилковски според племенската дефиниција е дел од “Македонското племе”, чин против слободата на говор и закани на политичка основа се сами дел од основите поради кои Владата мора да реагира кај својот вработен.
Навреда поради физички изглед е посебно кривично дело.
За предходни слични закани на други граѓани упатени кон премиерот или други владини службеници МВР на барање на владата повикуваше на одговорност или кривично гонење.
Дали сега Владата ќе го почитува својот кодекс на однесување е прашање за премиерот Заев и вицепремиерот за корупција Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.