Владимир Ристов, секретар на ВМРО-ДПМНЕ Струмица:

Во пресрет на 70-годишнината од погибието на Петте струмички студенти годинава се обнови спомен обележјето на планината Беласица.

Достоен споменик, кој сведочи дека, колку што поминува времето споменот на Петте студенти станува се посилен мотив и идеал на младите за патриотско ангажирање и дејствување.

Благодарност до иницијативата на Љупче Димитров и младите од УМС МК Банско, до пратеникот Јован Јаулески, до извршниот и општинскиот комитет на УМС, сите правни и физички лица кои помогнаа во обновувањето на овој споменик поставен од Унија на Млади Сили на ВМРО – ДПМНЕ О.К. Струмица во 2000 година. Исто така се преземени активности за запишување на споменикот во листата на спомен обележја во Општина Струмица.

За жал, поради забраната за движење во шуми и прогласената кризна состојба, традиционалниот марш на УМС Струмица до спомен обележјето на Струмичките Студенти на Беласица, оваа година нема да се одржи.

Чествувањето во спомен на 5те Струмички Студенти оваа година симболично ќе одржи на споменикот во малиот парк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.