Ние треба како политичари да се однесуваме онака како што бараме граѓаните да се однесуваат. Но, вториот човек на Владата денеска е фотографиран без маска. Дневно имаме се поголем број заболени, но во глобала просекот на заболени е ист на дневна основа, рече Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Тој истакна дека би сакал да види што направи Градот Скопје во ситуацијата.
За жал Градот немо ги следеше настаните. Ние предложивме низа мерки од здравствен и економски, но само две до три мерки беа прифатени… Конкретно за овој пример, кога Владата подготвува отворање на угостителски објекти и веќе се отворени молови, сметам дека е многу да се воведе неколку дневен карантин.
Ако денеска говориме за пандемија и за повеќечасовен карантин некоректно е да говориме за избори за дваесет дена. Не смееме освен здравственото прашање да ги заборавиме економските импликации кои ги имаме и кои и понатаму ќе ги имаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.