Владиката Петар вчера во интервју за ТВ Алфа порача дека коронавирусот постои и дека претставува опасност за заедницата. Смета дека се работи за болест од која е загрижена и самата МПЦ-ОА.

На јавноста и порача да внимава и граѓаните да ги почитуваат мерките. Вели дека доколку не се почитуваат мерките ние сме убијци, додека пак ако некој е заболен, а ние комуницираме со него, тогаш сме самоубијци.

Вирусот не е умрен. Како што рече поранешниот реис. Не е умрен, тој е жив. Јас имам кажано дека мора да живееме со вирусот Ковид-19, рече Митрополитот.

Според Владиката, коронавирусот е знак дека граѓаните треба да ја задржат духовната сила во себе како предизвик, наспроти телесното.

И никако господ да го повикаме и да расчистиме многу работи, не само со Ковид-19, туку и други болести и јас велам поради непослушноста, заради законите божји и заради Адам и Ева што не ја послушале единствената забрана да не јадат од плодот се случи тоа што се случи, духовно се одделија од Бога, смета тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.