Дипломатската офанзива за признавање на автокефалноста на МПЦ‒ОА е непотребна, бидејќи МПЦ‒ОА со децении е каноски и правно-устроена, а овластувањата за разговарање на „моќните дипломати“ мора стриктно да се пропишани во „стратегиски документ“, изготвен од Светиот архиерејски синод. Документот треба да е одобрен во црковно-народна процедура, кој, како конечен авторитет, ќе ги содржи и барањата на народот. Вака, владиката Григориј во интервјуто за весникот ВЕЧЕР го објаснува статусот на МПЦ во православниот свет. Во неговото прво медиумско појавување откако застана на чело на Кумановско-осоговската епархија, разговараме за актуелните црковно-политички превирања кои одлично ги познава. Владиката Григориј не сакаше да ја коментира одлуката на неговиот претходник, владиката Јосиф, да даде оставка и да се повлече од високата позиција, но вели дека е почестен што токму од него е предложен за нов митрополит. Доктор на науки е, а во Синодот важи за врвен интелектуалец. Епископскиот крст го носи достоинствено со голема духовност, пожртвуваност, целосна предаденост и љубов. Автор е на неколку научни студии од областа на статусот и автокефалноста на МПЦ‒ОА

Целосното интервју може да го прочитате на ВЕЧЕР.ПРЕСС



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.