Свети Николе е мојот и вашиот роден крај. Јас, Дејан Владев кандидат за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ работам и живеам во Свети Николе и би сакал моите деца да останат овде да живеат, да творат и да создадат свое семејство. Затоа, стојам овде пред вас заедно со мојот тим и ви ветувам дека посветено ќе работам да го направам Свети Николе поубав град во кој ќе живеат моите и вашите деца, истакна на стартот на изборната кампања, Владев.
Град кој ќе биде развиен и просперитетен, град на спортот, младите, културата, чисто и урбано место за живеење.
Чесно и одговорно ви ветувам дека силно ќе се посветиме да работиме на реализација на ветената програма уште во првиот ден од дадената ваша поддршка.
Знам дека сте уморни од чекање за подобра иднина!
Знам дека сте уморни од слушање на зборот –,,Ќе”!
Тоа што ветија не го реализираа, а добро сите знаете и помните она што толку гласно ветуваа дека нема да го направат, скришум и подмолно го направија.
Но сите ние добро се сеќаваме на кажаните нивни лаги пред неколку години и не сме ги заборавиле.
ДОСТА Е!!!
Доста е од лажни надежи, поделби, притисоци!
Доста е од ветувања кои останаа само на хартија!
Време е за промена!
Време е да покажеме дека сите не сме исти!
За вас, драги светиниколчани, нудиме реална програма со проекти зад која цврсто стоиме и нудиме решенија за проблемите на сите жители на Свети Николе.
Влегуваме силно, чесно, посветено барајќи ја вашата поддршка, а од 18-ти октомври нѐ чека работа која заеднички ќе ја реализираме според приоритетите и барањата на вас граѓаните.
Ви ветувам дека мојата работа за вас како градоначалник ќе започне веднаш од 18-ти октомври одговорно и транспарентно, а не само во последниот месец од четирите години како што и самите можевте да согледате од мандатот на претходниот градоначалник.
Работа, чесност, одговорност – тоа се моите приоритети!
Не ветувам мегаломански проекти туку остварливи и реални проекти за подобро Свети Николе, истакна Владев.
Тој ги наброја и најзначајните проекти кои ќе ги реализира:
1. Уредување на речното корито;
2. Изградба на спорстки сали;
3. Целосно оспособување на прeчистителната станица;
4. Асфалтирање на улици во градот и руралните средини;
5. Канализациони мрежи во градот и руралните средини;
6. Зголемување на паркинг места во градското подрачје;
7. Овозможување на услови за изградба на градски базен;
8. Враќање на стариот изглед на старата градска чаршија и атрактивен локален туризам;
9. Младински културен центар;
10. Санација на веќе изградени спорстки игралишта и изградба на маалски игралишта во градот и селата;
11. Овозможување на услови за отвoрање на градинки;
12. Целосно уредување на новиот градски парк со содржини за млади;
13. Подобрување на условите за работа во воспитно-образовните институции;
14. Ќе организираме референдум за депонијата кај с. Мечкуевци.
Постојат уште многу проекти кои ќе ви ги презентираме детално, но за да се реализираат сите тие потребна е вашата е поддршка, потребен е вашиот глас.
Светиниколчани се паметни и мудри луѓе, знаат да прават разлика и да препознаат дали она што се ветува може да се оствари и на кои луѓе може да им се верува.
Знаат да препознаат искрени и чесни намери, остварливи проекти а не празни ветувања за некое идно време.
Затоа на 17-ти октомври ве повикувам сите вас, заокружете го бројот 7.
7 – За чесност, работа, одговорност!
7 – За промени, проекти, победи!
7 – За модерно урбано Свети Николе!
7 – За чесно одговорно работење!
7 – За дела, проекти, визија!
7 – За иднината на нашите деца!
7 – За победа на ВМРО – ДПМНЕ во Свети Николе!
СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!
ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ, рече на крајот Владев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.