Кандидатот за градоначалник на Свети Николе, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Владев, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на загинатите борци од Втората светска војна, како и пред споменикот на Александар Серафимовски Гане кој го загуби својот живот во конфликтот во 2001 година.
По повод 11 Октомври – ден на народното востание на македонскиот народ положивме свежо цвеќе пред споменикот на паднатиот бранител Александар Серафимов и загинатите борци од втората светска војна.
Да ни е вековит празникот !!!
Да ни е вековита Република Македонија – објави Владев на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.