Нема да ветуваме нереални и мегаломански проекти туку акцентот на нашата програма ќе биде на решавање на реалните проблеми со кој секојдневно се соочуваат граѓаните на Свети Николе – вели кандидатот за градоначалник на градот Свети Николе, Дејан Владев, кој се огласи преку статус на Фејсбук.
Вели честа која му е укажана со одлуктаа на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Претседателот Христијан Мицкоски да биде кандидат за градоначалник за општина Свети Николе е голема, но одговорноста уште поголема.
Свети Николе е град во кој израснав, се школував,тука живее моето семејство и моите пријатели. Во Свети Николе работам и го остварувам мојот работен и политички ангажман. Затоа ќе сторам се за да нашиот град биде пристојно место за живеење.
Нема да ветуваме нереални и мегаломански проекти туку акцентот на нашата програма ќе биде на решавање на реалните проблеми со кој секојдневно се соочуваат граѓаните на Свети Николе. Улици, канализации, младите и спортот, заборавените рурални населени места и хигиената, земјоделците, пензионерите…. ќе бидат врвен приоритет за новата локална власт. Ветувам чесен пристап до граѓаните и отворени локални институции за сите. На Свети Николе му требаат промени а промените ќе се случат на 17 октомври – стои во неговиот статус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.