Не сакаме да коментираме интервјуа на различни личности, бидејќи Владата е посветена на својата цел – нашето зачленување во НАТО и ЕУ, рече на денешната редовна прес-конференција владиниот портпарол, Муамед Хоџа.
Позициите на Владата на Република Македонија во однос на нашето зачленување во НАТО и ЕУ се познати. Не сакаме да коментираме интервјуа на различни личности, бидејќи Владата е посветена на својата цел – нашето зачленување во НАТО и ЕУ. По ратификацијата на Преспанскиот договор кај нас, очекуваме тој да биде ратификуван и во грчкиот Парламент и со тоа Македонија ќе го исцрти зацртаниот пат кон НАТО и ЕУ, рече Хоџа, запрашан во врска со ставот изнесен од страна на рускиот претседател Путин дека Преспанскиот договор е постигнат со надворешен притисок, пред се, од страна на САД и оти со сила Македонија се сака да се внесе во НАТО.
Во интервјуто за весниците „Политика“ и „Вечерни новости“ рускиот претседател даде оценка и за Македонија, односно изјави дека постои силен надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.