Поради лошите временски услови на софискиот аеродром и силниот ветер, се уште не полетале двата воени авиона со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија. Се очекува авионите да полетаат најрано за 30 минути, но тоа ќе зависи од метеоролошката ситуација, изјави за МИА во Софија дипломатски извор кој сакаше да остане анонимен.

Во Скопје, пак, посмртните останки ќе имаат државниот дочек на скопскиот аеродром, кој Владата ќе го пренесува во живо:

Владата претходно планираше и посмртна поворка за загинатите низ Скопје, која требаше да се емитува на Македонската радиотелевизија, но по барање на семејствата на загинатите, таа е откажана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.