Собранието изгласа Одлука да се продолжи за шест месеци рокот за постоење кризна состојба на територијата на државата заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од КОВИД-19.
Со измени на постојната Одлука, наместо 30 јуни 2021, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021.
Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври.
Пратеникот Бојан Стојановски во излагањето пред да се гласа побара Владата да им достави аналзи и извешаи за проценка на ризикот од пандемијата и за потребата од дополнително прогласување кризна состојба.
– Таков документ немаме. Оваа кризна состојба може да се злоупотреби за локалните избори. Дали со ова на власта и се дава таква можност, праша Стојановски.
Со изгласувањето на кризната состојба владејачкото мнозинство во Собранието надвор од закон и Устав направи уште еден во низата преседани во своето работење. Со мнозинство гласови власта насилнички и надвор од сите препораки на ЕУ и на Парламентарното собрание на Советот на Европа ја продолжи кризната состојба до крајот на годината!
Ова е уривање на уставниот поредок, категорична е професоркатаа Гордана Силјановска Давкова и го посочува членот 31 од Законот за управување со кризи.
Владата донесува одлука за постоење на кризна состојба, го определува подрачјето зафатено со кризна состојба и соодветно на тоа ги активира механизмите за разрешување на кризната состојба. За донесената одлука Владата веднаш го известува Собранието и претседателот на Република Македонија.
Владата за активностите поврзани со одлуката од ставот 1 на овој член во рок од 48 часа усмено, а еднаш неделно писмено го известува Собранието и претседателот.
Владата најдоцна за 30 дена по завршувањето на активностите утврдени со одлуката од ставот 1 на овој член, изготвува и доставува писмен извештај до Собранието и претседателот.
Одлуката за постоење на кризна состојба од ставот 1 на овој член не може да трае подолго од 30 дена.
Ако кризната состојба продолжи да трае подолго од 30 дена, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба.
Собранието и претседателот во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.
Минатата година продолжувањето на кризната состојба беше во рацете на претседателот на државата Стево Пендаровски. Ова, пред се, поради постоењето техничка влада и распуштеното Собрание за јулските вонредни парламентарни избори.
Сега продолжувањето на кризната состојба доаѓа во време кога пандемијата од Ковид-19 конечно стивнува, што значи дека еветуалното нејзино продолжување би можело да се сведе на месец до два. Но, очигледно е дека „видовитоста“ на Владата за натамошниот развој на настаните со пандемијата, вакцинирањето на граѓаните и стекнувањето колективен имунитет има сосема друга заднина, што се сведува само на претстојните локални избори и отворени манипулации со граѓаните, јавноста и целиот изборен процес.
Европските институции на почетокот на пандемијата беа децидни дека сите влади мораат да бидат максимално внимателни со ограничувачките мерки со цел, заштита на човековите права и слободи. Но, овие препораки очигледно не важат за Владата и парламентарното мнозинство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.