Во понеделник ќе бидат објавени имињата на 58 хонорарци кои биле ангажирани од
Владата во декември и на кои им се исплатени хонорари од околу 37 илјади евра за
еден месец.

Вакво нешто соопшти портпаролот на Владата, Душко Арсовски, во емисијата „360 степени“.

Не ни паѓа на памет во Владата да криеме какви било податоци и можам да кажам дека откако се направени сите консултации и анализи е востановено  дека  преовладува јавниот интерес и овие имиња можат да се објават. Од  понеделник, преку  Законот за слободен пристап до информации од јавен  карактер ќе може да се добијат овие имиња, бидејќи се работи за јавни пари  и нема потреба да се крие ништо – изјави Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.