Полицискиот час се намалува и ќе биде од 19 часот попладне до 5 часот наутро. Старите лица ќе можат да се движат од 8 до 12 часот, а младите до 18 години од 13 до 16 часот. Ќе се намали и полицискиот час за време на викендите и тоа од 13 часот напладне во сабота до 5 часот во понеделник. Ова се предлог мерките за олабавување на рестриктивната состојба предизвикана од корона кризата од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, кои треба да поминат на влада, за да станат правосилни. За ова утре ќе расправа Владата која и треба да реши од кога ќе важат мерките на олабавување.

Притоа останува на сила потреба од носење заштитна опрема, како маска и ракавици, но и држење на дистанцата меѓу луѓето при движење во затворени  објекти. Останува забраната за групирање на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.