Во пресрет на најавениот штрајк на вработените во градинките што е закажан за в понеделник, надлежните смируваат дека процесот на згрижување на претшколските деца нема да биде нарушен.
Од Синдикатот истакнуваа дека станува збор за класичен штрајк, односно дека нема да има прием на деца во градинките и нема да настава во училиштата. Оттаму бараат разбирање и поддршка од родителите тврдејќи дека во крајна линија, тоа е и во интересе на децата, бидејќи нездоволни воспитувачи, настванииц и професори не можат да одговарат на барањата така како што треба.
Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека и покрај штрајкот, вработените во предучилишните установи за деца се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, во интервју за МИА, во пресрет на најавениот штрајк, вели дека очекува да се изнајде решение.
Сите предизвици со СОНК досега сме ги решавале заеднички, на маса и низ конструктивен дијалог. Така ќе биде и овој пат. Иако се услови на криза, здравствена, воена и економска, ние дебатираме со Синдикатот за да најдеме решение од кое ќе нема незадоволни страни. Верувам дека тоа ќе се случи скоро, по што ќе ја информираме јавноста, вели Шаќири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.