Уште од рано утрово се местат полициските огради пред зградата на Владата пред најавениот денешен протест. На „Илинденска“ може да се забележат голем број на полициси службеници во униформа, но и цивили, како панично се организираат за протестот со кој се бара оставка на Зоран Заев и неговата влада.
Истата влада што ја отстрани веќе поставената ограда пред дворот, за да „нема бариери меѓу нив и граѓаните“, денеска се оградува од нив.
Новиот протест на кој ќе се бара оставка на Заев со возила ќе започне во 12:30 часот на две места, спортските центри „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“, а ќе финишира пред Владата.
Чувствувате срам поради изјавите на Заев?
Сакате да промените нешто затоа што знаете дека повеќе не оди вака и не сакате да бидете соучесник во газењето по коските и жртвата на Илинденците, Партизаните, хероите?
Сега е времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ вчеравечер со почеток во 18 часот илјадници граѓани излегоа на улиците во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.
Како изгледаа улиците на поголемите македонски градови:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.