Од Владата најавија дека утре со почеток во 10 часот, техничкиот премиер Оливер Спасовски ќе одржи прес-конференција во медија центарот.

На средбата со новинарите Спасовски ќе говори за влезот на Македонија во НАТО и за новата кампања која ја подготвува Владата, но на пресот нема да се зборува за тоа што народот не доби ништо со промена на името на државата.

Слушам дека Владата на СДСМ спремала некоја кампања за влез во НАТО. Ако се знае дека за минатата партиска кампања потрошија еден милион евра, за оваа останува да видиме дали ќе го срушат својот претходен рекорд за најскапо лажење.

Но, кога сме кај НАТО, ќе кажат ли дали ќе има во тие спотови делови од онаа аудио снимка во која се слуша како советник на министер дава наредба да се раскине концесија на езеро? А, ако не го послуша ќе мора да си даде оставка, зошто и тоа ако не го направи ќе мора “да мисли на семејството”?!?, вели Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.