Македонската влада денеска се огради од својата поранешна советничка Ивана Јордановска која на Твитер упати навредливи пораки до претседателот на Франција, Емануел Макрон откако тој изјави дека се уште не е време Македонија да почне преговори со ЕУ. Од Владата велат дека Јорановска не е во владата од лани во август и оти нејзните ставови се лични.
“Ивана Јордановска не е вработена во Владата одавгуст 2018. Изнесените ставови може да бидатсамо нејзини лични мислења и никако не гиизразуваат и не смее да се поврзуваат со
ставовите и политиките на Владата.Владата не поддржува и осудува говор на омраза
во која била форма”, напиша портпаролот на Владата во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.