Единствено на Александар Литовски не му бил продолжен договорот  како што тоа било направено со останатите членови на историската комисија со Бугарија, дознава „Република“ од извори на комисијата.

На сите членови договорите им истекле на 30 јуни и веднаш им биле продолжени на уште една година, но не и на Литовски.Тој се држел на „тенок мраз“. Тој немал договор се до ноември кога потпишал двомесечен договор кој истекол на 31декември 2020 година што потврдија и од Владата во изјава за „Фокус“.

Литовски е еден од најдобрите историчари во Македонија а негова посебна специјалност е периодот пред и по Втората светска војна. На негово место доаѓа Исамедин Азизи.

Литовски во повеќе наврати ја критикуваше бугарската политика кон Македонија, историските аспирации како и задирањето во идентитетот. За Каракачанов пак велеше дека секое негово доаѓање во Македонија е политичка провокација.

Станува повеќе од очигледно дека власта на елегантен начин се ослободува од членовите на историската комисија кои не сакаат да прават никакви отстапки кога се работи за национлните интереси.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.