Кога една партија неколку месеци пред пописот што сите го чекаме речиси 20 години, ќе ви даде предлог да се купат илјадници апарати за чија набавка не само што требаат пари, туку треба и долг временски период, тоа практично покажува дека повторно не сака да има попис.
Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по отворањето на стрелиштето на Армијата и на МВР во касарната „Илинден“, на кој присуствуваше заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Тоа е истата партија која еднаш тргна во попис, самата ги рушеше правилата на попис. Потроши 4 или 7 милиони евра и потоа рече „пу пу не важи“. Оваа држава не може веќе ништо да планира и не може да личи на сериозна држава ако уште еднаш го одлага пописот. И овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден обид да се одлага пописот и да се проблематизира за да не се покаже дека кога државата сака да има попис, може да има попис, рече Шекеринска, одговорајќи на новинарско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.